Минатата година Apple ја претстави својата прва линија телефони со 5G поддршка и се очекува дека тој тренд ќе продолжи и со годинашните модели. Nikkei Asia сега истакнува дека iPhone линијата на компанијата за следната година во целост ќе ја сочинуваат 5G модели.
Тоа го вклучува и редизајнираниот iPhone SE, со A15 чипсет и 5G конекција. Се сугерира дека телефонот ќе го задржи 4,7-инчниот LCD панел и дека ќе има куќиште во iPhone 8 стил, а се очекува дека ќе биде претставен во текот на првата половина на 2022. година.
Исто така, се очекува дека Apple до 2022. година ќе престане да нуди iPhone mini, кој имаше разочарувачка продажба во текот на претходната година. Mini модел на iPhone и натаму се очекува во годинашната линија.
Nikkei очекува и дека Apple оваа година ќе претстави 6,7-инчен iPhone Pro модел. Во текот на втората половина на годината се очекува и објава на нови MacBook Pro и AirPods уреди.