На минатогодишниот CES во Лас Вегас, корејскиот производител LG претстави уникатен телевизор со ролна екран, наречен LG Signature OLED TV R. Сега, скоро две години подоцна, моделот излегува на пазарот.

Исклучителниот телевизор ќе се најде во продажба следниот месец. LG се очекува да го претстави моделот на настан кон средината на октомври, по што OLED TV R ќе се појави на полиците во продавниците.

Проценетата крајна цена на 65-инчниот „Roll-up“ телевизор, способен да се намотува и да се одмотува, е неверојатна за ТВ-производ – 85.000 долари. Ова, се разбира, се големи пари, но концептниот уред не може да биде ефтин.

LG Signature OLED TV R работи со webOS и поддржува асистент на Google. На корисникот ќе му бидат потребни само десет секунди за да го отвори телевизорот со ролна екран.