Samsung наскоро би можел да ги објави Galaxy M31s и Galaxy M51 телефоните, кои би дебитирале на растечкиот пазар на Индија. Според новите извештаи, двата телефона ќе имаат  64MP главна камера.

Galaxy M51 се очекува кон крајот на јуни, а извештајот сугерира дека производството на телефонот во голема мерка ќе зависи од развојот на актуелената ситуација со пандемијата на коронавирусот.

Покрај тоа, се сугерира дека телефонот би можел да има и сензор за отпечатоци од прсти во екранот. Секако, се очекува дека Galaxy M51 ќе биде модел од средниот сегмент на пазарот.

Кога е во прашање Galaxy M31s, овој модел исто така ќе пристигне со главна камера од 64MP и ќе има сензор за отпечатоци од прсти во екранот. Телефонот би можел да биде објавен во текот на првата недела на јуни и би имал 128GB простор за складирање.