Гејмерите кои сакаат да имаат црна PlayStation 5 конзола сега можат да ја реализираат својата желба.

Оние кои сонуваа да поседуваат целосно црна PlayStation 5 конзола конечно можат да го остварат својот сон, но не благодарение на Sony.

Американска компанија продава црни пластични делови кои кога ќе се соберат, го претставуваат куќиштето на инаку белата конзола.

Black PS 5 Darkplates компонентите веќе се продаваат, но откако ќе ги нарачкате, за нив ќе треба да почекате најмалку два месеци. Залихите за февруари, март и април се веќе распродадени, а доколку се нарачаат сега, се проценува дека испораката ќе пристигне во мај.

Цената на пластичните компоненти е 49 и 59 долари во зависност од тоа дали станува збор за дигиталната верзија на конзолата или верзијата со хард диск.

Оригиналните бели компоненти на куќиштето лесно се отстрануваат, па процесот на трансформација не би требало да биде комплициран.