Доколку не сте знаеле, постојат тајни кодови на вашиот iPhone што ви овозможуваат интересни и чудни работи. Ви донесуваме седум од нив, познати само на најупатените корисници на паметните телефони на Apple.

Пред да започнете со пишување на шифрите, ве предупредуваме: шифрите ги пишувате на ваша одговорност.

*#06# – IMEI на вашиот iPhone – специјалниот идентификациски број
*#33# – Со оваа шифра можете да проверите кои повици ги блокирате. Исто така, кодот потврдува дали блокирањето е активно и за што е активирано (СМС, повици, информации итн.)
*#21# – Ве интересира статусот на проследени повици? Со помош на оваа шифра ќе го видите сето тоа: проследени факсови, СМС-пораки, гласовни повици, синхронизација, платен пристап итн.
*#61# – Проверете кој ви се јавил.
*#62# – Со оваа шифра го проверувате бројот за проследување повици во случај на недостапност на мрежата.
*#31# – Сакате да бидете таинствени? Со оваа шифра го криете вашиот број.
##002# – Исклучете го проследувањето на повиците.

Извор: Tportal.hr