Следната генерација Samsung Galaxy Buds2 слушалки се очекува официјално во рамките на следниот Unpacked настан, кој се очекува на 11. август. Новите безжични слушалки ќе имплементираат голем број подобрувања во однос на Galaxy Buds+ моделот.

Дојавувачот Еван Блас (@evleaks) на Twitter сега објави две видеа што ги прикажуваат Galaxy Buds2 во целосен сјај. Имаме увид во новите измени на дизајнот, како што е поголемо куќиште, со LED екран за приказ на статусот на батеријата. На задната страна ќе се најде USB-C порт за полнење, а гласините сугерираат и поддршка за безжично полнење во дното.

Надворешноста на куќиштето ќе биде беча, додека внатрешноста ќе ја акцентира бојата на слушалките. Самите слушалки ќе имаат униформна текстура, а ќе користат два микрофона за намалување на позадинскиот звук. Нема да биде достапно активното поништување на бучавата (ANC), а според гласините, тоа ќе биде ексклузивно резервирани за Galaxy Buds Pro и Buds Live.

Се очекува дека Samsung Galaxy Buds2 ќе чинат помеѓу 149 и 169 долари.