Huawei телефон со ознака на модел TNN-AN00, за кој се верува дека е Enjoy 20s доби TENAA сертификат, откривајќи ги спецификациите и фотографиите на уредот.

Моделот TNN-AN00 има 6.8-инчен TFT дисплеј со Full HD+ резолуција и punch-hole отвор во горниот лев агол за 16MP селфи камера. На задната страна се наоѓа систем со три камери, кои го сочинуваат 64MP, 8MP и 2MP сензор.

Телефонот ќе го покренува осмојадрен чипсет со работен такт од 2.0GHz, кој би требало да биде Dimensity 800 SoC. Оперативниот систем е Android 10, а ќе бидат достапни опции од 4GB, 6GB и 8GB RAM, како и 64GB, 128GB и 256GB простор за складирање, со злот за NM картички.

TNN-AN00 или Huawei Enjoy 20s има сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката и поддршка за dual-mode 5G (SA/NSA). Ќе биде достапен во црна, зелена и сина боја, а уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 4200mAh.