Платформата за пораки WhatsApp моментално тестира функции базирани на вештачка интелигенција, додека WhatsApp за веб добива функција која ја подобрува приватноста на корисниците.

Со цел да се подобри искуството со испраќање пораки на WhatsApp, платформата тестира создавање и споделување налепници создадени од вештачка интелигенција преку бета верзијата.

Налепниците се генерираат со помош на безбедна технологија понудена од Мета, а налепниците создадени на овој начин се лесно препознатливи. На примачот на ваква налепница ќе му биде јасно означено дека е генерирана од технологијата на вештачка интелигенција.

Споменатата функција моментално е достапна за мал број бета тестери, а се очекува во наредниот период да биде достапна и за поголем број корисници.

Кога станува збор за WhatsApp за веб, оваа верзија на апликацијата сега им нуди на своите корисници поголема приватност. Ова е овозможено благодарение на новата функција за заклучување на екранот.

Како дел од бета програмата, корисниците на WhatsApp Web имаат достапна функција за заклучување на екранот, која го блокира неовластен пристап до апликацијата без внесување на кодот на сметката.

Кога ќе стане достапна за сите, функцијата ќе може да се активира со избирање на опцијата „WhatsApp Settings“ и табот „Privacy“. Покрај подобрувањето на приватноста и безбедноста, новата функција ги блокира push известувањата кога апликацијата е заклучена.