Засега нема докази дека ламбда варијантата на вирусот е поопасна од останатите варијанти или дека води до поголема смртност, поради што од СЗО го сместија во категорија вируси кои треба да се следат.
Ламбда варијантата на коронавирусот која научниците ја обележуваат како C.37, од Перу се прошири во 30 држави во светот, од кои и во Велика Британија. Во Јужна Америка оваа варијанта на вирусот веќе е одговорна за над 80 отсто од инфекциите.
„Сè уште генерално малку се знае за оваа варијанта, но СЗО од категорија „variant of concern“ го смести во „variant of interest“ што е „полесна категорија“. Судејќи по сè, се докажа дека сепак не се шири брзо како делта варијантата на коронавирусот“, изјавил проф. д-р Кристиан Влаховичек од Заводот на молекуларна биологија ПМФ.

Исто како и останатите научници, тој предупредил на најважниот факт, додека не се вакцинираат доволен број на луѓе, непрекинато ќе се „произведуваат“ нови варијанти (мутации) од коронавирусот.
„Колку помалку луѓе се вакцинирани, поголеми се шансите за нови мутации. Без разлика дали сте симптоматски или асимптоматски заразени, секоја заразена личност во себе развива над стотина милијарди вирусни клетки, што е голем потенцијал за мутации на вирусот.

Колку повеќе луѓе играат лото, поголема е шансата некој да ја добие главната премија, па колку повеќе има заразени, се произведуваат повеќе варијанти од вирусот кои ќе дејствуваат својствено на себе. Со други зборови, вирусот ќе добие џекпот“, изјавил Влаховичек.
Извор: Vecernji List
Поврзани артикли
