Корисниците кои сакаат iPhone со голем екран, единствен избор имаат во iPhone 12 Pro Max моделот кој има почетна цена од 1100 долари. Меѓутоа, тоа би можело да се промени во 2022. година, според наводите на аналитичарот Минг-Чи Куо.

Според најновиот извештај на Куо, Apple можеби работи на iPhone за 2022. година кој ќе има 6,7-инчен дисплеј и цена која ќе изнесува под 900 долари.

Во овој момент, iPhone линијата ја сочинуваат iPhone 12 mini (5.4-инчен екран), iPhone 12 (6.1″), iPhone 12 Pro (6.1″) и iPhone 12 Pro Max со екран од 6.7 инчи.

Доколку се остварат предвидувањата на аналитичарот, Apple за следната година би можел да има порафинирана линија телефони, која ќе ја сочинуваат два модела од 6,1 инчи и два од 6,7-инчи.