Неодамна се појавија информации дека Samsung Display планира да произведува Ultra Thin Glass (UTG) за Google и другите компании. Сега сајтот The Elec нуди повеќе детали за оваа иницијатива на јужнокорејската компанија.
Samsung, покрај Google, склопи договори и со компаниите Xiaomi и Vivo. Трите компании планираат своите телефони со флексибилни екрани да ги објават во текот на четвртиот квартал оваа година, така што Samsung Display планира во октомври да почне со масовно производство на флексибилни OLED панели.
Според наводите, флексибилниот Googlе Pixel ќе користи 7,6-инчен дисплеј, кој се свиткува навнатре. Vivo ќе користи 8-инчен панел со 10,2:9 однос на страници. Димензиите на екранот на Xiaomi не се познати.
Oppo исто така требаше да објави флексибилен телефон со панели на Samsung, но оваа објава наводно е одложена за 2022. година.
Samsung Display, секако, произведува OLED панели и UTG за Samsung Electronics претстојните Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 телефони, кои би требало да бидат претставени следниот месец.