Starlink во својата понуда вклучи нова услуга, а тоа е сателитски интернет наменет за сопствениците на кампери, како и за оние кои не сакаат да чекаат на списокот кој се протега до 2023 година.

Аплицирањето за „стандардна“ опрема и поврзување на Starlink значи и долга листа на чекање, а интернетот што Starlink го нуди за камперите е достапен веднаш. Недостаток е што мрежните ресурси не се приоритет за оваа услуга, како и фактот што услугата чини 135 долари месечно, 25 долари повеќе од стандардната врска Starlink.

Со други зборови, опцијата RV чини исто како и стандардната Starlink врска со опцијата Portability воведена во март, која им овозможува на корисниците да се поврзат дури и кога не се дома. Стандардна услуга бара корисникот да има домашна услуга пред се, а тоа не е можно за секого. Друга разлика е што услугата за кампери им овозможува на корисниците да ја паузираат и да продолжат да ја користат услугата, така што тие контролираат кога започнува и кога завршува наплатата.

Бидејќи камперите не се приоритет, можно е поврзувањето да биде бавно и прекинато во области со метеж во периодот на максимална искористеност. Ова јасно стои во соопштението на компанијата во кое се вели дека „наведената брзина и непреченото користење на услугата не се гарантирани“.

Тоа е и јасна порака до потенцијалните клиенти дека домашната услуга е приоритет и треба да се има предвид дека услугата за кампер не може да се користи во движење, барем засега.