Ако сте ентузијаст за технологија во сферата на банкарството и fintech технологиите со желба да ги подобрите Вашите вештини, имаме возбудливи вести за Вас. Seavus, меѓународна компанија за програмерски и консултантски услуги, организира онлајн средба CodeTalks, на 9 јуни во 17.30 часот.

Настанот е посветен на финансиски иновации и нови технологии. Ќе имате можност да слушнете информации од прва рака за модерни програмирачки алатки, автоматизирани процеси и потенцијални проблеми кои можат да се појават во поглед на банкарството и fintech системите. Преку технички и практични знаења и примери, учесниците ќе имаат можност да ги запознаат новите технологии и да ги подобрат нивните вештини.

Организатори на настанот се експертите во доменот на Банкарство и финансии на Seavus, Владе Максимовиќ – Technical Lead, Артем Грабовски – Senior Developer во секторот за Банкарство и финансии и Никола Огненовски – Technical Manager.

Со оглед на тоа што појавата на fintech придонесува за една иновативна револуција во полето на банкарството и финансиите, Владе Максимовиќ ќе ја презентира Дигиталната интеграција како концепт за интеракција на клиенти. Е-потписите се првиот, но витален чекор кон подобрување на искуството за интегрирање. Банките забрзано ги заменуваат рачните потписи со е-потписи затоа што тие му овозможуваат на клиентот целосно дигитално да ги започне и да ги заврши задачите. Исто така, ќе видиме и практични примери за тоа како вградените еПотписи, покани и други аспекти можат да се имплементираат.

Артем Грабовски, Senior Developer во секторот за Банкарство и финансии на Seavus, ќе го презентира развојниот тек кој ние го користиме во нашите проекти за да детектираме критични грешки во раната фаза на имплементација. Артем објаснува дека главната цел на неговата презентација е да демонстрира како добро организираните, автоматизирани процеси го намалуваат потенцијалниот број на грешки во повисоки опкружувања и ни овозможуваат да направиме кодирачките подобрувања и рефакторирањето да бидат побезбедни. Исто така, ќе ги дискутираме библиотеките кои ги користиме за да имплементираме интеграциски тестови за крајни точки на API и дополнителни инструменти за да се пронајдат кодирачки слабости уште во раната фаза. По оваа презентација, ќе видите примери за тоа како Azure DevOps можат да бидат конфигурирани за да обезбедат безбедни промени во сите опкружувања.

Последната тема се однесува на Go во fintech. Во fintech постои континуирана потреба за финансиски податоци на потрошувачите, па затоа Никола Огненовски ќе објасни зошто Go е добар избор за градење комплексни проекти со едноставност во дизајнот и високи перформанси. Никола ќе ги прикаже предностите и недостатоците на Go во поглед на банкарските и финтек системи.

CodeTalks настанот ќе биде завршен со панелот TheLionTalk, каде што сите учесници ќе имаат можност да добијат одговор на нивните прашања.

Резервирајте го Вашето место денеска и искористете ја оваа голема можност за да научите нови работи, да ги подобрите Вашите вештини, да добиете одговор на Вашите прашања, да стекнете нови познаници и пријатели, како и да бидете опкружени од други луѓе со страст за финансиски иновации и нови технологии.

За Seavus:

Seavus® е друштво за програмерски и консултантски услуги со докажана историја во обезбедување сеопфатни бизнис решенија за претпријатија. Друштвото има над 800 IT експерти во целиот свет и нуди низа опции за производи и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар од неколку канцеларии во светот. Нивното зголемувачко портфолио опфаќа: BSS/OSS, CRM, CEM, Решенија за деловно известување, ALM, вградено програмирање, деловни и потрошувачки производи, мобилни и гејминг решенија, управувани услуги, како и прилагодено програмирање, консултантски услуги и рисорсинг. Портфолиото на Сивус вклучува успешни приказни со светски телекомуникациски провајдери и производители на мобилни уреди, организации од банкарската и финансиската индустрија, електронски уреди за широка потрошувачка, како и со технолошки, образовни, владини, здравствени организации, итн.