Минатата година, Apple во рамките на iPhone 12 линијата имплементираше LiDAR скенери во Pro моделите. Технологијата се очекуваше да биде додадена на сите iPhone модели подоцна оваа година, но новиот извештај сега сугерира дека LiDAR ќе остане ексклузивa само за Pro моделите.

Дојавувачот Dylandkt на Twitter сугерираше дека Apple првично планирал да ја имплементира LiDAR технологијата во сите iPhone 13 модели оваа година, но компанијата на крајот ја променила одулката. Причината за оваа промена не е објавена,  можно е дека на неа влијаеч недостигот на залихи, цената на производство или некои други параметри.

Apple го користи LiDAR во iPhone 12 линијата за да го подобри искуството со проширена реалност. Исто така, сензорот помага при портрет режимот во Night Mode, за мерење на висината на една личност и повеќе. За оние на кои овие функции не им се важни, недостатокот на LiDAR сензорот нема да претставува проблем, додека останатите ќе мора да издвојат повеќе пари за да купат некој од iPhone 13 Pro моделите.