Apple постојано работи на својата линија iPhone, па компанијата веќе размислува за серијата iPhone 15, која се очекува во септември 2023 година.

Според аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо, една од промените што ќе бидат имплементирани во iPhone 15 се однесува на дизајнот на копчињата за јачина на звук и вклучување на уредот.

Компанијата од Купертино, наводно, планира да ги отфрли физичките копчиња што моментално ги користи iPhone и да користи дизајн сличен на копчето за почеток на iPhone 7.

Како резултат на оваа промена, компанијата треба да користи нов Taptic Engine, кој е создаден со цел притискањето на копчињата да се чувствуваат природно како и притискањето на физичките копчиња.

Технологијата Taptic Engine ќе биде поставена на левата и десната страна на рамката, со цел да се формира тактилен одговор кој кај корисникот ќе создаде чувство како да притиска физичко копче.

Покрај ова, аналитичарот верува дека Apple повторно ќе биде двигател на трендовите во светот на телефоните и дека производителите на Android уреди најверојатно масовно ќе копираат сличен дизајн на копчиња за нивните телефони.