Оние кои успеале да купат PlayStation 5 и сакаат да хго освежат својот сетап, сега тоа можат да го направат со избор на нов контролер.

Sony претстави два нови модела од својот контролер DualSense инспирирани од галаксија, а всушност се работи за Midnight црна и Cosmic црвена боја.

Полноќниот црн контролер содржи две нијанси на црна со светло сиви детали, а од Sony порачуваат дека тоа покажува како ја гледаме вселената на ноќното небо. Cosmic црвената верзија донесува комбинација на црната и темно црвената боја, а инспирирана е од уникатните нијанси на црвена, која е присутна во вселената.

Midnight Black контролерот чини 70 долари, додека за Cosmic Red DualSense контролерот од некоја причина треба да се издвојат нешто повеќе пари, односно 75 долари.