Bloomberg објави нов извештај за Apple Watch, кој нуди повеќе детали за она што можеме да очекуваме од уредот оваа есен и следната година.

Apple Watch од седмата генерација ќе добие позначајна надградба во однос на актуелниот Series 6 модел. Рамките околу екранот ќе бидат помали, додека ламинацијата на екранот исто така ќе биде подобрена, намалувајќи го просторот помеѓу стаклото и екранот осетлив на допир. Series 7 ќе има и подобрена UWB (ultra-wideband) конекција.

Потоа се очекува дека Apple Watch од одмата генерација ќе имплементира мерење на крвниот притисок, шеќер во крвта и нивото на алкохол. Новиот извештај на Bloomberg отврдува и дека Apple работи на имплементација на специјален сензор за мерење на телесната температура.

Се сугерира дека овој сензор за температура би можел да стигне во Apple Watchво текот на 2022. година, додека сензорот за мерење на шеќер во крвта се уште е во развој и ќе бидат потребни неколку години за негово имплементирање.

Bloomberg споменува и дека 2022 Apple Watch линијата ќе ја сочинуваат ажуриран SE модел, како и нов поиздржлив спортски модел.