Apple може да ја објави третата генерација на AirPods и Apple Music HiFi стримингот на 18. мај. Објавено е дека компанијата нема да заврши со своите „пролетни“ најави, со тоа што овие два ќе бидат најавени на малку пософистициран начин. Apple нема да биде домаќин на наменски настан за овие два производи, но ќе одлучи за соопштение за медиумите преку својата веб-страница. Се очекува дека Apple Music HiFi стриминг сервисот ќе вклучува поддршка за Dolby Atmos, Dolby Audio и аудио без губитоци.

Новата гласина доаѓа од Јутјуберот фокусиран на Apple, Лук Миани, кој ја откри оваа информација исклучиво за AppleTrack. Миани објави дека AirPods од следната генерација ќе бидат објавени заедно со Apple Music HiFi дебитантскиот сервис на 18 мај. AppleTrack известува и дека врз основа на податоците од изворот, дека новите AirPods ќе бидат лансирани во „следните недели“. Познато е дека Apple обично се огласува во вторник, па датумот 18. мај се чини веродостоен, иако нема други докази освен овие, кои би ги поддржале овие тврдења.

Apple претходно повлече сличен потег со лансирање на AirPods Pro во 2019. година, при што токмју објави соопштение за јавност, наместо да организира настан. Компанијата од Купертино би можела да оди по истиот пат и за третата генерација на AirPods. Меѓутоа, препорачуваме овие информации да ги земете со мала заддршка.

Се шпекулира и дека новите AirPods слушалки ќе добијат подобрен систем за поништување на бучавата и напредна Siri интеграција.

Што се однесува до Apple Music HiFi, новиот стриминг сервис ќе поддржува Dolby Atmos, Dolby Audio и audio losless. Досега Apple немаше поддршка за DOlby, туку го поддржуваше својот интерен HiFi аудио кодек ALAC. HiFi фајловите имаат помала компресија на звукот и со самото тоа имаат подобар квалитет на звукот.