Роверот на американската вселенска агенција NASA, Perseverance (Истрајност), по седум месеци патување низ Сончевиот систем, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер.

Роверот ги испрати и првите фотографии до контролата на NASA на кои се гледа површината на Марс.

Со успешното спуштање на тлото на Црвената Планета и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Марс.

Кратерот Jeзеро, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.

Слетувањето на роверот Perseverance можете да го погледнете на видеото подоле.