Експертите очекуваат бројот на електрични автомобили и хибриди да надмине 10 милиони единици

Продажбата на хибридни и целосно електрични автомобили оваа година веројатно ќе порасне до 10 милиони оваа година. Прогнозата е на BloombergNEF, чии експерти очекуваат Tesla Model Y да стане најпродаваниот електричен автомобил до крајот на 2022 година.

Според аналитичарите, доколку погоните на Tesla во Берлин и Тексас започнат со масовно производство на Tesla Model Y, тогаш оваа година американската марка на клиентите ќе може да им понуди повеќе од 800.000 единици од електричниот теренец со што би било можно електричниот SUV да стане најпродаваниот автомобил во светот.

Во својата прогноза BloombergNEF наведува дека во 2020 година биле продадени 3,2 милиони автомобили со електрифицирани погонски системи, а во 2021 година нивниот број се удвоил на 6,6 милиони. Тоа значи дека до крајот на оваа година, продажбата на хибриди и електрични автомобили може да надмине 10 милиони, од кои околу 75% ќе бидат целосно електрични.

Кина останува најголемиот пазар за електрични автомобили, а по неа следат Европа и Северна Америка. Развојот на инфраструктурата за полнење продолжува, а до крајот на годината се очекува бројот на станици за полнење во светот да се зголеми од 1,8 на 2,7 милиони единици. Производството на батерии, исто така, ќе се зголеми, иако овде плановите може да се променат поради недостигот на суровини и зголемените цени на материјалите за батерии.

Извор: Додај Гас