Теоретичарите на заговори низ светот беа во огромна екстаза откако четири неидентификувани летечки објекти (НЛО) беа забележани над теренот за голф на Доналд Трамп во Шкотска. Според одредени извори, четири објекти во форма на диск се појавиле на небото на 16 август, 2018, предизвикувајќи сомнежи кај луѓето за постоењето на НЛО и вонземски посети.

Снимката од оваа појава беше подоцна објавена на UFO Stalker веб-страната, онлајн платформа каде што можете да видите слики и снимки од многу наводни НЛО. Сликата содржи 4 НЛО-а кои лебдат на небото над мал песочна база и националното знаме на САД.

„Мојата внука беше на Trump Turnberry голф теренот и направи фотографија од балконот на нејзината соба на 16 Август во 19 и 56 по локално време. Таа ми ја испрати сликата по мејл, бидејќи знае дека сум голем фан на голфот. Но кога ја погледнав одблизу забележав четири чудни објекти во форма на диск во позадината, кои таа не ги забележала кога ја сликала фотографијата. Дали можете да ми помогнете да ги идентификуваме овие НЛО-а? Имате идеи што се?“, напиша еден сведок на веб-страната UFO Stalker.

Интересно е тоа што Шкотска полека станува најжешка дестинација каде што се забележани НЛО-а. Има повеќе од 230 регистрирани случаи, бројка која е блиску до онаа на САД.

Откако се појави оваа слика на интернетот, теоретичарите на заговори започнаа да шпекулираат дека Доналд Трамп е свесен за постоењето на вонземјани. Овие теоретичари тврдат дека неодамнешната одлука на претседателот за формирање на вселенски сили е индикација дека вонземјаните се подготвуваат за инвазија.

Сепак, Ерик Трамп, синот на Доналд Трамп ја отфрли тезата дека се работи за НЛО и рече дека всушност станува збор за одблесок на светилките од таванот во стаклото.