Јапонската марка својот прв EV модел базиран на е-TNGA платформата ќе го претстави во текот на следната година. Станува збор за компактен модел кој ќе се произведува во Јапонија.

За разлика од своите конкуренти, Toyota не брзаше да лансира целосно електричен автомобил. Наместо тоа, тие се потпреа на нивната технологија на класични хибриди, што им ја донесе една од водечките улоги во областа на електрификацијата. Сега, кога пазарот е доволно созреан, авоедно и EV технологијата,, Јапонците се решени да лансираат BEV модели.

Платформата е-TNGA на Toyota е модуларна архитектура која треба да биде основа за многу претстојни електрични модели на јапонската марка. Според првичните податоци дадени од претставници на производителoт, оваа платформа ќе може да поддржува возила со погон на сите тркала, како и само на задната или предната оска, а има простор и за батерии од различен капацитет.

Toyota за почеток покажа само скица на претстојниот модел. Повеќе информации треба да бидат објавени на почетокот на следната година, пред премиерата на новиот електричен SUV во текот на годината. Раководните лица на јапонската марка истакнуваат дека нивниот електричен SUV ќе биде со еднакви димензии како и конвенционалниот RAV4.

Извор: Додај Гас