Facebook Lite, Instagram и WhatsApp – сите апликации во сопственост на Facebook веќе добија темен режим. Сепак, оваа опција и недостасува на главната Facebook апликација. Можеби нема да мораме да чекаме уште долго на споменатата карактеристика, бидејќи сајтот 9to5Google дојде до скриншоти на завршениот темен режим на Facebook апликацијата за Android.

Протечените скриншотови покажуваат темно сива боја за елементите на корисничиот интерфејс и црна позадина за Facebook апликацијата. Покрај тоа, корисниците ќе имаат опција рачно да ја овозмоат или автоматски да се префрлаат помеѓу темната и светлата тема во зависност од нативните системски подесувања на телефоните.

Засега не е познато кога Dark Mode за Facebook апликацијата ќе им биде достапен на Android корисниците.

Откриена е уште една опција за Facebook апликацијата, а во прашање е локален COVID-19 трагач, кој на корисниците им нуди информации за бројот на заразени со коронавирус. Редизајн ќе добие и апликацијата под името Your Time on Facebook, која сега се прикажува во облик на картички.