iPhone веќе имаше проблеми со зелената нијанса оваа година на iPhone 11 Pro Max моделот, а ажурирањето на iOS 13.6.1 помогна овој проблем да се реши. Меѓутоа, според зборовите на некои сопственици на iPhone 12 серијата кои се жалат до поддршката на Apple, екраните а новите уреди добиваат зеленкаста или сивкаста боја.
Се чини дека жалбите укажуваат на тоа дека зелените или сивите нијанси се појавуваат кога осветленоста на дисплејот е подесена на 90 проценти или пониска. Некои корисници забележале дека проблемот исчезнува по кратко време на прикажување на екранот.
Едно лице кое било во контакт со Apple истакна дека два пати од компанијата добил заменски уред, иако испраќањето заменувањето на телефоните не е правец во кој сака да се движи Apple. Компанијата наводно работи на ажурирање на софтверот што ќе го реши проблемот. Сајтот MacRumors доби интерна белешка која Apple оваа недела им ја испратил на овластените даватели на услуги. Во дописот компанијата јасно ставила до знаење дека е запознаена со проблемите, благодарение на пораките што ги испратиле сопствениците на iPhone 12 серијата.
Apple им посочил на техничарите да избегнуваат сервисирање на погодените iPhone модели и наместо им препорачал на купувачите да продолжат благовремено да го ажурираат својот нов смартфон. Се чини дека овој коментар сугерира дека Apple се чувствува прилично сигурен дека ќе може и овој пат да го реши проблемот, преку софтверска надградба.