Станува збор за смартфон што би требало да има 5,99-инчен IPS LCD екран во Full HD+ резолуција и во 18:9 формат.

Кинеската компанија Xiaomi веќе го подготвува наследникот на својот паметен телефон Mi 5X, кој во Кина ќе се продава под името Mi 6X, а на меѓународниот пазар ќе ги наследи моделите Mi A1 и Mi A2.

Според сè уште непотврдените информации, станува збор за мобилен телефон кој би требало да има 5,99-инчен IPS LCD екран во Full HD+ резолуција и во 18:9 формат.

Уредот би требало да работи на Qualcomm Snapdragon 626 чипсет со осум Cortex-A53 CPU јадра од 2,2 GHz.

Од останатите карактеристики, тука е 4GB RAM, 64GB внатрешна меморија, батерија со капацитет од 2910 mAh и оперативен систем Android 8.1 Oreo (со тоа што моделот Mi 6X ќе се заснова на MIUI 9.5 интерфејс, додека Mi A2 ќе има “Stock Android” верзија).

Фотографската компонента вклучува двојна задна камера со сензор од 20 и од 8 мегапиксели. На предната страна се наоѓа 20-мегапикселна селфи камера.

Извор: B92.net