Vivo го претстави OriginOS, најновиот Android скин на компанијата,  што претставува наследник на Funtouch OS. Vivo истакна дека компанијата го дизајнирала според потребите на корисниците и посветена е на ускладување на очекувањата на корисникот, нудејќи најдобро искуство во поглед на дизајнот, флуидноста и практичноста, и се надева дека проблемите со кои се соочуваат корисниците во нивниот дигитален живот ќе се решат преку новите решенија за интеракцијата со системот.

OriginOS донесува промени во традиционалниот систем, почнувајќи од нивото на информации и го преобликува методотот на управување со информации. Донесува нов систем на архитектура на работната површина „Клотски грид“ кој ги преуредува елементите на работната површина за да бидат поуредни и поефикасни од сега. Под новиот систем на работна површина, покрај иконите, „Нано предупредувањата“ или малите виџети ги прикажуваат постојано ажурираните информации. Интерфејсот на часовникот може да прикажува различни трекстури и бои секоја минута или секунда за да ја врати внатрешната логика на времето. Покрај тоа, Nano предупредувањата ги прикажуваат само релевантните основни информации во хронолошки редослед.

Временскиот прозорец ќе ја интегрира позадината што ќе ја изберете во различните сцени, а потоа ќе ги суперпонира променливите фекети на светло и сенки. Интеракцијата во позадина нуди врска помеѓу физичкиот и дигиталниот свет, истакнува Vivo.

Компанијата објав дека OriginOS  го редефинира концептот „глатко“ и ја менува претходната перцепција дека „брзото е глатко“. Новите анимации и повратни информации во OriginOS се повеќе се во склад со природните закони и можат да ги разберат идеите и потребите на корисникот. Повеќестраниот пристап до визијата, времето и глатката перцепција го прави оперативното искуство со мобилните телефони пореално и поприродно, велат од компанијата.