Pfizer Corporation и BioNTech објавија дека нивниот кандидат за вакцина против коронавирус покажал 95% ефикасност во спречувањето на овој вирус по конечната анализа на податоците.

Резултатите покажаа ефикасност од над 94 проценти кај постарата популација во подоцнежните фази на истражувањето. Постарата популација е изложена на поголем ризик од тешко боледување од COVID-19.

Pfizer откри и дека добиле овластување за во итни случаи до американската Администрација за храна и лекови (FDA).

Во прелиминарните резултати, вакцината на Pfizer достигна ефикасност од нешто повеќе од 90 проценти, објави Reuters.

Американскиот фармацевтски гигант заедно со својот германски партнер, планира да произведе 50 милиони дози од вакцината оваа година, а потоа и над милијарда дози во 2021 година.