Компанијата Twitter почна да ја тестира новата опција во рамките на својата апликација, која има за цел да ограничи колку луѓе може да одговорат вашите твитови.  Оваа опција е најавена уште во јануари оваа година, кога беше објавено дека во некој момент ќе почне со тестирање.

Од кога ја најавија новата опција, се чекаше на почеток на тестирањето. Сега дојде тој момент, па ако сте дел од тест програмата, можете да забележите дека откако ќе напишете твит, можете да ограничите колку луѓе можат да ви одговорат. Моментно бирате помеѓу три групи, а тоа е да им дозволите на сите да ви одговараат, да им дозволите само на луѓето кои ве следат, или само на луѓето кои директно ќе ги наведете.

Twitter наведува дека твитовите кои ќе бидат ограничени за коментирање и натаму ќе им бидат видливи на сите, можете нормално да ги ретвитувате, само едноставно нема да можете да одговарате на нив, ако однапред не сте ги придодале во групата која тоа го може. За се да биде визуелно јасно, Twitter ќе воведе означување на ваквите твитови, па корисниците однапред ќе знаат дали можат да коментираат или не.