Lenovo некогаш беше многу популарен бренд од средниот сегмент во Кина. Lemon брендираните смартфони на компанијата беа многу познати. Меѓутоа, со напредокот на брендовите ккао што се Xiaomi и Oppo, Lenovo е истиснат од пазарот и мораше да престане да ги продава своите Lemon телефони.

Сега Чен Јин, генералниот менаџер за Lenovo дивизијата телефони, истакна дека компанијата планира на пазарот да ги врати уредите со Lemon брендирање.

Јин истакнува дека по купувањето на Motorola, Lenovo конечно успеал да ја консолидира својата бизнис стратегија со телефоните. Според неговите зборови, Motorola брендот цели на горниот и средниот сегмент, а Lemon брендот ќе биде наменет за долниот сегмент од пазарот.

Засега не е познато кога Lenovo планира да ги претстави новите телефони во рамките на Lemon бренодт, но постои можност дека првиот модел од новата серија ќе биде објавен до крајот на годината.