Во годинешната сезона на урагани на Атлантикот забележан е рекорден број именувани бури, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Тропската бура Ета е 29-та во оваа сезона на атлантски урагани, со што е урнат рекордот од 28 бури кој беше забележан во 2005 година.

Метеоролозите известуваат дека над Карипските Острови се формира уште еден систем, кој би можел да биде именуван во иднина.

Особено опасните бури добиваат имиња со цел да се подигне јавната свест при нивниот удар.

Сезоната на урагани трае од 1 јули до 30 ноември. Последната бура во годинешната сезона беше Ета, која ја погоди Флорида во текот на изминатиот викенд, причини значителна материјална штета и однесе човечки животи во Централна Америка.