Изгледа дека продажбата на Galaxy S8 опаѓа побрзо од очекуваното. Во последниов месец, биле продадени само 9.8 милиони уреди, додека од минатогодишниот S7 биле продадени 12 милиони за истиот период.

Токму поради тоа, стратегијата на компанијата е да го претстави Note 8 порано од очекуваното, односно на почетокот од септември. Овие информации доаѓаат од твитерџијата Evan Blass, кој прво сметаше дека продажбата на уредот ќе започне при крајот на септември, ако не и подоцна.

Телефонот ќе биде најдоброто нешто од Samsung во тој момент – во многу спецификации и подобар од S8 и S8+. Така, Inifinity Display екранот ќе има големина од 6,3 инчи и уште помала рамка во горниот и долниот дел, нормално со сооднос 18,5:9, процесорот ќе биде Snapdragon 836 помогнат од 6 GB рам, додека во задниот дел ќе биде вградена двојна камера.

Сепак, има еден податок кој не е толку импресивен, а тоа е капацитетот на батеријата, кој изнесува само 3.300 mAh, што се чини како малку за смартфон со толку голем дисплеј.

Иако се очекуваше, Galaxy Note 8 скоро сигурно нема да има читач за отпечатоци вграден во дисплејот, кој Samsung смета дека сѐ уште е недоволно безбеден и брз. Воедно, делот каде тој се вградува под дисплејот, според информациите бил делумно потемен од останатиот дисплеј, што е исто така недозволиво.