Најновата соработка на тајванската компанија AOC и германскиот Porsche Design го донесува Porsche Design AOC AGON PD27 гејминг мониторот од 27 инчи, кој го краси исклучителна естетика.

AGON PD27 закривениот монитор го карактеризира стилизиран и модерен дизајн, а покрај функционалноста, овој дизајн дава и доза на сигурност и стабилност на било која работна маса.

Кога се во прашање перформансите, PD27 користи 27-inčni QHD панел, со 2560 x 1440p резолуција, има 240Hz стапка на освежување на екранот и 0.5ms одзив. Покрај тоа, мониторот е опремен со VESA DisplayHDR 400 технологија, која на гејмерите им обезбедува поживописни бои и широк динамички распон.

Сето наведено го надополнува закривеноста од 1000R (1m радиус), додека осветлувањето од 550 нита, на гејмерите им нуди поддршка која го намалува заморувањето на очиѕте во текот на долгите сесии на играње.

На подесувањето на мониторот и гејминг пресетите лесно може да им се пристапи преку безжичен инфрацрвен keypad. Во мониторот се вградени и 5W звучници со DTS звук. Од опциите за конекција присутни се 4-port USB 3.2 хаб, два HDMI 2.0 и два DisplayPort 1.4 влеза.

Porsche Design AOC AGON PD27 мониторот пристигнува на пазарот кон средината на ноември, по цена од 799 евра.