По неуспехот со  Wii U конзолата, многумина се прашуваа што ќе може да направи Nintendo со конзолата Switch. Сега Nintendo ги објави најновите финансиски резултати, кои покажуваат дека Switch се продава многу добро.

Според најновите статистички податоци, досега се испорачани 89,04 милиони Nintendo Switch уреди. Тоа Switch и натаму го става нешто зад Wii конзолата, која е продадена во над 100 милиони копии. Сепак, ова значи дека Switch остварил подобра продажба во споредба со популарните конзоли како што се Sony PlayStation 3 и Microsoft Xbox 360.

За споредба, PS3 е испорачан 87,4 милиони примероци во текот на својот животен век, додека Xbox 360 е продаден во 86 милиони примероци. PlayStation 2 и натаму е рекордер, со 155 милиони продадени примероци.

Nintendo неодамна објави освежен модел на Switch конзолата  со OLED екран и сталак, но се чини дека не планира во скоро време да го претстави Switch 2.