Huawei моментно е во многу необична и незгодна положба, предизвикана од санкциите на американската администрација, како и од одлуките кои на компаниите од САД им забрануваат да соработуваат со Huawei. Меѓутоа, изгледа дека се насетуваат некои промени, бидејќи изворите блиски до оваа тема сугерираат дека Intel добил дозвола на соработува со Huawei.
Како што е познато, компаниите можат да се пријават за лиценца, а американската влада одлучува кои компании можат да работат со Huawei. Засега се уште не е ништо официјално, но се наведува дека Intel е речиси сигурен кога станува збор за одобрување на лиценците, додека останатите компании се уште чекаат одобрение.
Huawei официјално потврди дека Qualcomm чека на лиценца, а штом ќе ја добие, кинеската компанија ќе почне да порачува чипови од Qualcomm, со оглед на тоа дека повеќе не може да се потпира на сопствените Kirin чипови.
Ова не претставува изненадување, бидејќи Qualcomm е во преговори со американската администрација веќе некое време. Различните извештаи сугерираа дека и AMD се пријавил за добивање на лиценца за продажба на своите чипови за повеќе кинески компании и речиси сигурно е дека и Huawei е на таа листа.
Поврзани артикли