Непотврдени извештаи сугерираат дека Exynos 1000 ќе биде побрз од Snapdragon 875 чипот, но не е сигурно дали токму овој Exynos процесор ќе ги покренува следните Galaxy S премиум модели.

Сега се појавија нови Geekbench статистики, кои укажуваат на Samsung Galaxy S21+ моделот, а резултатите се нешто пониски од претходните. Geekbench го сугерира SM-G996B моделот (веројатно S21+ за Европа), а прикажан е чипот Exynos 2100, што е целосно поинаков од претходните Exynos 1000 процесори што се појавуваа на Geekbench.

Телефонот би требало да има 8GB RAM, што се поклопува со капацитетот на меморијата на актуелниот Galaxy S20+ модел со 4G конекција (5G моделот има 12GB RAM). Не е изненадување дека Galaxy S21+ уште од самиот старт го користи Android 11, додека капацитетот на батеријата се очекува да изнесува 4800mAh.