Смртта на кралицата Елизабета Втора изненади голем број луѓе и во моментов има различни проекти кои овозможуваат купување на крипто токени или комеморативни сувенири во нејзина чест.

Истражувачите за безбедност на Kaspersky открија бројни обиди за измама поврзани со овој настан и предупредуваат дека треба да бидете внимателни кога купувате такви сувенири.

Експертите на Kaspersky открија неколку локации кои нудат крипто токени, како и незаменливи токени (NFT) именувани по кралицата Елизабета Втора. Големите настани обично се користат како мамка за многу светски инвестициски потфати за крипто, така што смртта на кралицата не беше исклучок.

Повеќето од овие страници се неодамна поставени и ги немаат потребните нивоа на заштита, така што нивната база на податоци може лесно да се протече и сите внесени податоци за крипто паричникот се компромитирани. На корисниците им се нуди шанса да инвестираат во новиот токен или да купат NFT, „оддавајќи почит на кралицата“.

Во спомен на најдолго владеењето на монархот во светот, на корисниците им беа понудени монети и маици со ликот на кралицата Елизабета Втора на новосоздадените веб-страници кои не се безбедни, а при плаќањето, корисникот не беше пренасочен на специјална, заштитена страница.

Резултатот е дека деталите за картичката, адресите или корисничките имиња не се целосно заштитени, што значи дека напаѓачите, доколку ја компромитираат базата на податоци на страницата, можат да ги украдат овие информации.

Секогаш кога купувате преку Интернет, не заборавајте да ја проверите адресата на страницата – измамниците често создаваат страници за фишинг чие име е слично на имињата на познатите брендови. Исто така, бидете скептични за профитабилните понуди и длабоките попусти, бидејќи ниските цени често се користат како мамка за да се привлече вниманието на корисниците на одредена локација или производ.

За да се осигурате кога купувате онлајн, постојат неколку елементи на заштита:

– За да ги заштитите вашите податоци и финансии, проверете дали страницата е безбедна. Ако URL-то на страницата започнува со HTTPS, наместо вообичаениот HTTP, ќе знаете дека сте на безбедно место; Покрај тоа, обично ќе се појави веднаш до URL-то и лентата за адреси ќе биде зелена во некои прелистувачи. Ако не ги гледате овие елементи, не продолжувајте со купување.

– Користете сигурно безбедносно решение кое може да ви помогне да ја проверите безбедноста на URL адресата што ја посетувате и има можност да отвори која било локација во заштитен режим и на тој начин да спречи кражба на чувствителни податоци (како што се финансиските).

– Проверете дали вашиот софтвер е ажуриран – ажурирајте ги оперативниот систем и апликациите.