Huawei се подготвува на 19. јуни да го претстави Enjoy 20 Pro, а во меѓувреме се појавија фотографии и спецификации на смартфонот.

Според наводите на дојавувачот Digital Chat Station, Enjoy 20 Pro го покренува Mediatek MT6873 (односно Dimensity 800) чипсет. Листата на вклучува информации за RAM меморијата и просторот за складирање, но открива дека оперативниот систем ќе биде Android 10 со EMUI 10.1 кориснички интерфејс.

Enjoy 20 Pro ќе има 6.5-инчен FullHD+ 90Hz дисплеј, со засек во облик на капка, во кој е сместена 16MP селфи камера. На задната страна, телефонот има 48MP главна камера, заедно со 8MP и 2MP сензори, кои би можеле да бидат ултраширок и макро/сензор за длабочина.

Уредот го напојува батерија со капацитет 4000mAh, со поддршка за 22.5W брзо полнење. Сензорот за отпечатоци од прсти ќе биде сместен од страна на рамката, присутна е 5G поддршка, а телефонот пристигнува во три бои.