Корисниците кои очекуваа да видат ProMotion дисплеј од 120Hz на стандардните iPhone 14 модели најверојатно ќе бидат разочарани.

Во претходните години, Apple обично објавуваше функции кои беа ексклузивни за помоќните iPhone модели на компанијата, за потоа да ги имплементира во основните модели од следната генерација.

Сепак, според последните гласини, тоа нема да се случи кога станува збор за дисплејот ProMotion. Twitter корисникот @Shadow_Leak тврди дека основните iPhone 14 и iPhone 14 Max ќе користат флексибилни OLED дисплеи, додека моделите Pro и Pro Max ќе имаат флексибилен OLED LTPO дисплеј.

LTPO е технологија за прикажување која троши помалку енергија, што го прави идеален за функции како што е високата стапка на освежување. Комбинацијата со LTPO панелот значи дека Apple може да додаде повеќе стапки на освежување на екранот, без големо влијание врз траењето на батеријата.

Треба да се напомене дека ова се динамични стапки на освежување, кои може да варираат помеѓу 120Hz и 60Hz или пониски, во зависност од потребите на корисникот.

Во моментов нема потврди од Apple, а уште долго ни делат од излегувањето на серијата iPhone 14, па ќе мора да бидеме трпеливи за да добиеме официјални детали.

Извор: B92.net