Според најновиот извештај на аналитичката компанија Counterpoint Research, испораката на премиум смартфони забележа пад од 13 проценти во текот на првото тримесечје (од јануари до март) на годишно ниво.

Во текот на споменатиот период, Apple беше најдоминантен и држеше 57 проценти од глобалниот премиум пазар на телефони. Го следат Samsung (19% учество), Huawei (12%), Oppo и Xiaomi.

Apple ги имаше и првите четири премиум смартфони според продажба на глобалниот пазар.  Водечки е iPhone 11 со вкупно учество во продажбата од 30 проценти. Потоа следуваат iPhone 11 Pro Max (9%) и станадрадниот 11 Pro (7%). По овие модели, на листата се и iPhone XR (6%) и Huawei Mate 30 Pro 5G (3%).

Apple беше најдоминантен во сите региони, со исклучок на Кина, каде што Huawei е водечки премиум бренд на паметни телефони. Samsung се наоѓа на второто место на сите пазари, освен во Кина, каде што е Apple втор.

Учеството на 5G уредите во премиум сегментот, според анализите на компанијата Counterpoint Research е во пораст и сега сочинува 20 проценти од премиум пазарот на смартфони.