Xiaomi објави дека Mi Mix 3 премиум телефонот ќе биде официјално претставен на 25. октомври. Судејќи според тизерот, кој е поставен на страниците на Weibo, телефонот навистина ќе има механизам со слајдер камера.

Xiaomi Mi Mix 3 би требало да има 100% screen-to-body предна страна, со слајдер на задната страна, иако првобитно се сметаше дека Xiaomi ќе импелемнтира засек во екранот. Тука е и техничката можност дисплејот да може да се поместува на слајдерот, а задниот дел да е статичен, во зависност од тоа од кој агол се гледа на технологијата.

Се уште не знаеме премногу за спецификациите на смартфонот, но знаеме дека Mi Mix 3 ќе има AI посебно копче за активација на Xiao AI системот. Ова ќе биде прв пат да видиме хардверска имплементација на системот, кој претходно дебитираше на Xiaomi Mi Mix 2S моделот.