Според јапонскиот блог Mac Otokarа, следниот достапен iPad од деветтата генерација на Apple ќе се појави подоцна оваа година. Таблетот ќе има сличен дизајн како моделот iPad Air 3 од 2019 година, со потенко и полесно куќиште во споредба со годинашниот iPad.

Новите информации се засновани на детали кои пристигнуваат од кинескиот синџир на снабдување. Тие повеќе или помалку го потврдуваат извештајот од минатиот месец дека таблетот ќе има дебелина од 6,3 милиметри, наместо 7,5 мм колку што има актуелниот буџетски iPad, додека тежината ќе се намали на 460 грама (од 490 грама).

Останатите карактеристики на iPad за оваа година вклучуваат кружно home копче со вграден Touch ID сензор, Lightning порт и ламиниран дисплеј.

Извештајот сугерира и дијагонала на екранот од 10,2 инчи, а се очекува и A13 Bionic чипсет и 4GB RAM меморија. Нема веродостојни информации за датумот на објавување на овој iPad, модел бидејќи некои извештаи ги споменуваат раните месеци на 2021 година, додека други сугерираат објава во септември.