Apple неодамна официјално го претстави iPhone SE, а Извршниот директор на компанијата Тим Кук објави дека веќе добива исклучително позитивни реакции на корисниците. Тоа за него не е изненадување, бидејќи како што рече „iPhone SE вреди повеќе отколку што чини, а побрз е од најбрзиот Android телефон“.

Тој наведе дека продажбата на овој модел е одлична, но дека се покажа дека засега најдобри пазари за овој модел се државите во кои примањата се пониски од светскиот просек. На тие пазари Кук смета дека iPhone SE ќе успее да привлече значителен број на досегашни корисници на Android телефони. Главната предност на SE е што во себе го содржи хардверот на iPhone 11, кој е спакуван во помало и подостапно куќиште.

Кога генерално се работи за ценовната политика на Apple, Тим Кук истакна дека овој достапен модел нема да ја загрози, ниту да ја промени ценовната структура на смартфоните на Apple. Според неговите зборови, Apple секогаш тежнеел да понуди врвни производи во поприфатливи цени и таа политика ќе продолжи и понатаму. Со други зборови, и во иднина веројатно ќе можеме да очекуваме слични модели како SE, но генералната стратегија  на премиум телефони по премиум цени и натаму ќе биде ценовниот мејнстрим на Apple.