Новото протекување на задните маски од новото куќиште само шти го открија дизајнот на задниот дел на претстојната Xiaomi 12 линија смартфони. Тие нудат увид во задниот дел на Xiaomi 12, 12 Pro и 12 Ultra. Засеците за камеритена Xiaomi 12 и 12 Pro одговараат на претходно протекување на информации за дизајн со поголем отвор за главната камера од 50 MP и два помали помошни модули кои се наоѓаат подолу. Останатите отвори се за LED блиц и нешто што личи на микрофон.

Сепак, погледот на наводното куќиште на Xiaomi 12 Ultra е местото каде што работите стануваат многу интересни. Тука се наоѓа огромно кружно испакнување со вкупно 8 (осум!) исечоци од кои најмалку пет изгледаат како места за камери.

xiaomi_12_ultra_10.12.jpg

Целокупниот изглед ни го враќа сеќавањето на Huawei Mate 40 серијата и Honor Magic 3 моделите, но нема точни информации за тоа кои сензори треба да ги очекуваме, пренесува GizmoChina. Во секој случај, се зборува дека Xiaomi 12 серијата ќе пристигне за само два дена (12 декември) или евентуално 28. декември како втора опција, што во секој случај значи дека се ближи крај на чекањето.