Најновите информации за iPhone 12 и iPhone 12 Pro доаѓаат од аналитичарот на компанијата Barclays, Блејн Куртис, кој ги доби за време на неодамнешна посета на Азија од синџирот на снабдување на Apple.

Најважните најави се однесуваат на внатрешните компоненти кои би требало да бидат дел од следната iPhone 12 серија, како и на почетокот на производство на iPhone SE 2.

iPhone SE 2 би можеле да го видиме релативно брзо, со оглед на тоа што неговото производство би требало да почне во февруари.

Овој „подостапен“ телефон на Apple треба да биде сличен на iPhone 8 и да пристигне со 4,7-инчен екран. Уредот треба да има Home копче со Touch ID, 3 GB RAM меморија и Apple A13 процесор.

Новиот iPhone 12 ќе биде доста помоќен „под хаубата“ и ќе го содржи првиот пет-нанометарски мобилен чип A14 Bionic. Се претпоставува дека стандардниот iPhone 12 треба да има 4 GB RAM меморија, како и претходниот модел, додека iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max би пристигнале со 6 GB RAM меморија.