Марк Цукерберг беше исмејуван од многумина на социјалните мрежи, откако еден од најбогатите луѓе во светот објави како изгледа неговиот лик моментално во метаверзумот.

Објавата на Цукерберг го означи лансирањето на Horizon Worlds, игра базирана на виртуелна реалност, во Шпанија и Франција.

Најавени графички подобрувања

По многу критики, Цукерберг на социјалните мрежи објави нова графика од неговиот лик од играта. Тој напиша дека графиката во играта Horizon Worlds наскоро ќе доживее значителни подобрувања.

„Исто така, знам дека фотографијата што ја објавив пред некој ден беше прилично едноставна. Ја создадовме веднаш за да го одбележиме лансирањето. Графиките во Horizon се способни за многу повеќе од тоа“, рече Цукерберг.