Кога интернетот ќе те прогласи за мртва за да шири страв и паника од вакцината против Ковид-19, тогаш можеш да направиш само една работа – да ја вклучиш камерата и да кажеш дека си добро.

Во тек се првите тестирања на вакцината против Ковид-19 на луѓето, а јавноста го насочи своето внимание на резултатите од тие тестирања.

Но, количината дезинформации кои што секојдневно се појавуваат на интернет, ја прават целата оваа ситуација со пандемијата да биде уште полоша.

Една од луѓето која што го прифати експериментот и доброволно се тестираше на вакцината против Ковид-19 е д-р Елиса Гранато, микробиолог на Универзитетот Оксворд.

Непроверените и непотврдени извори објавиле дека таа починала откако ја примила експерименталната вакцина против Ковид-19, но 32-годишната докторка всушност е во одлична здравствена состојба.

Откако се појавила информација на интернет дека д-р Гранато починала поради компликации по примањето на вакцината, британската влада го негирала тоа, но јавноста сакала повеќе докази.

Тоа ја натерало самата докторка Гранато, лично да се обрати во јавноста по пат на интернет и да им покаже на сите дека всушност се чувствува добро.

Вакцината ја примила на денот на нејзиниот 32-ри роденден, 23-ти април, пренесуваат од Би-би-си.

„Малку работи можат да се споредат со будење и читање лажни вести за вашата сопствена смрт… Јас сум добро, луѓе“ – порачала Гранато во објава на Твитер.

Потоа за Би-би-си дала интервју по пат на социјалната мрежа Скајп за да ги запре гласините чија цел е собирање ‘кликови’.

„Јас сум докторка, па сакав да му пружам поддршка на здравствениот и научен процес, онака како што можам. Со оглед на тоа што не ги проучувам вирусите, се чувствував бескорисно овие денови, па почувствував дека тоа е многу лесен начин на кој што можам да допринесам во оваа борба“ – изјавила Гранат.