Samsung Galaxy Fold и Flip се во нивната четврта генерација, но многумина сè уште се сомневаат во нивната издржливост. Поради тоа, јужнокорејската компанија објави видео на кое се гледа низ какви тестови поминуваат уредите пред да се најдат на пазарот.

Клипот беше објавен на видео сервисот YouTube и трае нешто помалку од две минути, прикажувајќи ги сите ригорозни тестови низ кои минуваат уредите за преклопување на Samsung, вклучувајќи притискање на копчиња, отворање, затворање и тестирање на отпорност на вода.

Samsung секогаш нагласува дека доверливоста е клучна, па затоа тестовите се многу тешки за да се обезбеди високо ниво на издржливост на уредот. Процесите се автоматизирани и задоволство е да се гледа.

Исто така, тие се јасен показател за напредокот на двата модели, особено во споредба со првиот Galaxy Fold кој имаше проблеми со екранот по една недела користење.