Приказот на текстовите на песните во реално време доаѓа на YouTube Music.

Тоа е функција која долго време е достапна на други услуги за стриминг музика, како што се Spotify и Apple Music.

Имено, прикажувањето на текстот на песната во реално време функционира токму онака како што сугерира името на функцијата. Поконкретно, при слушање на песна може да се отвори прозорец со нејзиниот текст кој точно покажува кој стих се пее во тој момент.

Да потсетиме дека пред оваа функција, се прикажуваше исклучиво целиот текст внатре во Lyrics делот.

Оваа функција моментално е достапна само за одредени корисници на услугата YouTube Music, но се очекува да стане достапна за апсолутно сите во наредните недели.