iMac и Mac Mini компјутерите на Apple немаат добиено надградба веќе подолго време – последното ажурирање на iMac го имавме пред околу една години, додека Mac Mini е освежен пред повеќе од една година. Меѓутоа, сега се појавија информации дека не очекуваат нови надградби на овие компјутери.

Twitter корисникот и дојавувач CoinX дојде до информации за надградба на десктоп моделите iMac и Mac Mini. Нема детали за тоа кога оваа надградба би можела да се имплементира, но гласините сугерираат дека Apple планира презентација на 31. март.

Во текот на споменатиот настан се очекува објава на подостапниот iPhone 9 (iPhone SE 2), освежени iPad Pro модели, а можеби и нови MacBook лаптопи. Ова е се под услов да нема одложувања и поместувања предизвикани од коронавирусот.

Од друга страна, имаше ситуации во минататo кога Apple ги освежуваше своите производи преку онлајн продавницата, без премногу помпа и специјални најави, така што постои можност компанијата истиот пристап да го примени и сега.

Apple планира да претстави 14-инчен MacBook Pro со Mini-LED екран