Повеќето големи мобилни компании како Samsung, Xiaomi, Oppo и Huawei веќе претставија флексибилни модели на паметни телефони, но едно име не е на таа листа – Apple. Флексибилните уреди не се приоритет за компанијата на Тим Кук, барем се уште не, додека технологијата не биде усовршена.

Но, тоа не значи дека зад затворени врати во лабораториите на Apple, таква технологија и уреди веќе не се развиваат. Веќе некое време кружат гласини за флексибилниот iPhone, но iPhone Fold или како и да се вика финалниот уред не треба да се очекува толку наскоро. Последните гласини велат дека ова нема се случи пред 2025 година, а јасно е дека дотогаш технологијата значително ќе напредува и екраните ќе бидат поиздржливи.

Според некои прогнози, нешто помалку од 28 милиони смартфони ќе бидат испорачани на пазарот на флексибилни уреди во 2025 година, што е голем пораст во споредба со минатогодишните 7,1 милиони, но сепак ова е само скромен дел од вкупната годишна продажба на паметни телефони. Додека веќе слушнавме за плановите за ваков модел на телефон на Apple, досега не се зборуваше многу за лаптоп на Apple со преклопен дисплеј.

Новите и секако неофицијални информации велат дека компанијата во моментов размислува за флексибилен MacBook со дијагонала на екран од околу 20 инчи со 4K резолуција. Лаптопот би се користел слично како ThinkPad X1 Fold на Lenovo – како голем таблет (дури и како голем монитор на кој би можеле да се поврзат други уреди) или, кога екранот се свиткува, долниот дел може да се користи како виртуелна тастатура, а горниот дел како класичен екран на лаптоп.

За оние на кои ваквиот вид на флексибилен MacBook им се чини како одлична идеја, лоша вест е дека ќе треба да почекаат уште доста време. Имено, медиумите ја споменуваат 2026. или 2027. година, а јасно е и како тој уред ќе биде наменет за оние со малку подлабок џеб.